Русија ќе забрани извоз на бензин на 6 месеци

од Vladimir Zorba
318 прегледи

Русија од 1 март ќе забрани извоз на бензин на шест месеци, изјави портпаролката на Александар Новак, вицепремиер задолжен за надзор на енергетскиот сектор во земјата.

Со овој потег Москва има намера да ја компензира зголемената побарувачка на домашните потрошувачи и земјоделците и да овозможи планирано сервисирање на рафинериите, пренесе Индекс.

Русија усвои слична забрана помеѓу септември и ноември минатата година за да се справи со високите домашни цени и недостигот.

Само четири земји беа изземени – Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан, кои некогаш беа дел од Советскиот Сојуз и сега ја формираат Евроазиската економска унија.

Овие четири земји треба повторно да бидат изземени, заедно со Монголија, Узбекистан и двата отцепени региони на Грузија поддржани од Русија – Јужна Осетија и Абхазија.

Слични содржини