Русија може да предложи лекување на српскиот генерал Ратко Младиќ на своја територија

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Руски лекари подготват заклучок во врска со здравствената состојба на српскиот генерал Ратко Младиќ, кој се наоѓа во затвор на Меѓународниот трибунал за поранешна Југославија во Хаг и во случај на потреба можат да понудат лекување во Русија под гаранцијата на руската влада, објави РИА Новости.

ратко младиќ
Руските лекари се наоѓаат во Хаг по иницијатива на руски комитет во заштита на генерал Младиќ и по наредба на претседателот на Русија. Лекарите ги проучувале документите и резултатите од анализите, обезбедени од лекарите на Трибуналот, и се сретнале  со Младиќ за да  направат лекарски преглед на генералот.