Русија: Нападнати нашите патролни бродови во Црното Море

од Stefanija Kuzmanovska
204 прегледи

Руското министерство за одбрана соопшти дека патролни бродови на Црноморската флота одбиле напад на три украински беспилотни летала во близина на Севастопол, најголемиот град на Крим и најважното пристаниште на Црното Море, пренесува руската државна новинска агенција Тасс.

„Ги уништивме сите три беспилотни бродови“

„Украинските вооружени сили синоќа извршија неуспешен обид за напад со три беспилотни бродови на патролните бродови на Црноморската флота ‘Сергеј Котов’ и ‘Василиј Биков’, кои ги надгледуваа бродските рути во југозападниот дел на Црното Море, на 340 километри југозападно од Севастопол“, се вели во соопштението.

Според министерството, нападот бил одбиен и сите три чамци без екипаж биле уништени од стандардното оружје на руските пловни објекти. Тие најавија дека двата руски брода ќе продолжат со својата мисија.

На 25 јули руското министерство за одбрана извести за неуспешниот обид на Украина за напад на патролниот брод на Црноморската флота „Сергеј Котов“. Тие тврдеа дека бродот го одбил нападот, уништувајќи ги двата дрона.

Слични содржини