Министерството за одбрана на Украина предупреди дека Русија ги засилува силите на украинско-руската граница , објавија Ројтерс и АП.

Агенцијата предупредува дека Русите се движат со 500 авиони, 340 борбени хеликоптери и 25 “баталјонски тактички групи” поставени во  базите до границата со Украина. 

Портпаролот на воената разузнавачка служба во Министерството за одбрана на Украина, Вадим Скибицки, додаде дека овие сили се подготвени бидејќи имаат искуство со битките во Сирија. 

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин за првпат ја коментираше за појавата на кризата во Црното Море и ја обвини Украина за напнатата  ситуација

Москва ги објави плановите за распоредување на зенит-ракетните комплекси Ц-400 на полуостровот Крим.

  Во меѓувреме, САД ги  повикаа своите европски сојузници да ги разгледаат новите санкции против Русија поради ситуацијата во Украина.