„РУСИЈА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОТЦЕНУВА“ Ердоган од Белград и се обрати на Европа

од Vladimir Zorba
285 прегледи

Турција отсекогаш следела политика на рамнотежа меѓу Русија и Украина и ние ќе продолжиме да се стремиме кон урамнотежена политика, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на неговата посета на Белград.

– Има неколку земји на Запад за кои сметаме дека нивниот пристап не е коректен. Постои политика заснована на стимулации и со тоа не можете да постигнете резултати. Можете ли да го именувате победникот? Го нема, но има многу губитници, луѓето ги губат животите – рече Ердоган.

Како што додаде, не може да каже кој е победник – Украина или Русија.

– Следевме одредена политика и се обидуваме да разбереме дали оваа војна наскоро ќе заврши, но не гледам дека тоа ќе се случи наскоро – рече Ердоган.

Одговарајќи на прашање за заканите на Владимир Путин за Европа, кој денеска се закани дека ќе го прекине снабдувањето со енергија доколку се воведат ценовни ограничувања за извозот на руската нафта и гас, тој рече дека Русија не треба да се потценува.

– Русија престана да испорачува гас, а сега се прашувате како ќе ја преживееме зимата. Зошто не помисливте на тоа порано? – рече Ердоган, додавајќи дека се надева дека војната наскоро ќе заврши.