Русија нема да го поддржи предлогот на САД за резолуција за Израел и Хамас

од Vladimir Zorba

Русија во Советот за безбедност нема да го поддржи американскиот предлог за резолуција за ситуацијата во врска со Израел и Појасот Газа, бидејќи не содржи повик за прекин на огнот, изјави денеска постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја.

Тој на седницата на Советот за безбедност истакна дека Русија е длабоко убедена дека главниот сигнал што целиот свет сега го чека од тоа тело е барањето за итен и безусловен прекин на огнот и дека тоа е „токму она што го нема во американскиот нацрт. “.

„Затоа, не ја гледаме поентата во тоа и не можеме да го поддржиме тој предлог. Очекуваме дека и мнозинството од нашите колеги во Советот за безбедност ќе го сторат истото“, рече Небензја, пренесе РИА Новости.

Слични содржини