Креаторите на вакцината Спутник V против коронавирус денес изјавија дека „АстраЗенека“ треба да спроведе експеримент со руската вакцина со цел да се зголеми нејзината ефикасност. Русите изјавија дека Спутник V е ефикасен 92 проценти, додека АстраЗенека рече дека ефективноста на нејзината вакцина е 70 проценти на почетокот, а потоа тој процент е зголемен на 90 проценти.
„Ако направат нови клинички испитувања, ги советуваме да се комбинираат со Спутник, со цел да се зголеми ефикасноста“, напишаа креаторите на руската вакцина на Твитер, додавајќи дека комбинирањето на вакцината може да се покаже важно за ревакцинација.
Претходно, „АстраЗенека“ објави дека ќе има 200 милиони дози до крајот на 2020 година.
Британската вакцина се смета за една од најголемите надежи за многу земји поради ниската цена (помеѓу три и четири долари), но и затоа што може да се транспортира на нормални температури.
„АстраЗенека“ најверојатно ќе направи повеќе тестови низ целиот свет, изјави Паскал Сорио за „Блумберг њуз“, откако почнаа да растат сомнежите за ефикасноста на оваа вакцина.
Шефот на научниот тим на британската влада, Партик Валенс, рече дека главната поента на вакцината „АстраЗенека“ е да функционира.
„Суштината на приказната е дека вакцината работи и тоа е многу возбудливо“, рече Валанс за време на брифингот со премиерот Борис Џонсон.