Русија планира да прогласи неработни денови за да го намали ширењето на коронавирусот

од Milan1

Руската вицепремиерка Татјана Голикова побара од владата да прогласи неработни денови од 30 октомври до 7 ноември со цел да се намали ширењето на коронавирусот.

Рекорден број на новозаразени со коронавирус и рекорден дневен број смртни случаи, денеска се потврдени во Русија, пренесува Танјуг.

Во последните 24 часа, 1,015 смртни случаи се потврдени меѓу заразените со коронавирусот, најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата, се наведува во соопштението на рускиот кризен центар за борба против коронавирусот, пренесува агенцијата ТАСС С.

Од почетокот на пандемијата, вкупно 225.325 луѓе починале од инфекција со коронавирус, или 2,8 проценти од вкупниот број на заразени, а 255.000 пациенти со ковид се хоспитализирани во болниците низ целата земја, изјави министерот за здравство Михаил Мурашко.

Слични содржини