164
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва е подготвена да разговара со Вашингтон за размена на затвореници преку постоечките дипломатски канали.
„Подготвени сме да разговараме на таа тема, но во рамките на каналите за кои се договорија претседателите Путин и Бајден“, изјави Лавров за ТАСС.
Судот во Русија вчера ја осуди американската кошаркарка Бритни Грајнер на девет години затвор поради шверц на дрога.
„Ројтерс“ наведува дека пресудата може да го отвори патот за размена на Грајнер за рускиот трговец со оружје Виктор Бут.