Климатските промени се една од причините за поплавите во регионот Иркутск и пожарите во Сибир . Ова го изјави директорот на метеоролошката служба на Русија, Максим Јаковенко, пред новинарите, цитиран од ТАСС.

  Катастрофи и некои вонредни состојби се случуваат постојано – прво поплави, а потоа пожари. Всушност, причината е очигледна – сето тоа се должи на климатските промени. Пред промените беа незначителни, но во последните шест или седум години на годишно ниво известуваме дека бројот на опасни појави се зголемил за 2,5-3 пати во однос на претходните децении, истакна Јаковенко.

Тој објасни дека во последните 20 години од минатиот век имало 100-150 опасни природни појави кои влијаат на економијата секоја година, а сега има 450-500 вакви опасни појави, нивниот број ќе продолжи да се зголемува и во блиска иднина.

  Во јуни, регионот Иркутск беше поплавен . Првиот бран зафати 10.900 живеалишта со 42.700 луѓе. Потоа, 1900 куќи беа поплавени со 5300 луѓе. 25 луѓе загинаа, а шест исчезнаа без трага.

Во регионот Амур, каде беше прогласена вонредна состојба на 25 јули како резултат на поплавите предизвикани од поројните дождови, погодени се 462 куќи со 962 лица. Повеќе од 2.500 луѓе се евакуирани.

  Одделно, се случиле 160 пожари на површина од 6866 хектари во Русија , 62 од нив во регионот Иркутск и 69 во Краснојарск.