Русија прашува, не моли- руски воено-транспортен авион без дозвола прелетал над Бугарија

од desk3
124 прегледи

Авион Ил-62М, сопственост на руското Министерство за одбрана прелетал над Бугарија на пат кон Сирија утрото на 7 септември, а вечерта се вратил назад во Москва по истиот пат. Ова станува јасно од сајтот flightradar24.com кој ги следи авио летовите во реално време. Летот е на SVO / UUEE – LTK / OSLK, а регистрацијата на авионот е RA-86496. Оператор на транспортниот авион е ФГКУ “Государственная авиакомпания” 223 летный одред “.

Chinese-military-transport-aircraft-to-imagine-a-large-map1

Владата соопшти на 8 септември, ден по летот дека официјално е забранет воздушниот коридор над Бугарија на руски военотранспортен авиони кои превезуваат “хуманитарна помош” за Сирија. Од Министерство за надворешни работи објавија дека барањето од Руската Федерација беше за периодот 1-24 септември 2015 година.

Без дозвола авионот не може да прелета над Бугарија, коментираа неофицијално извори од воздухопловите власти во Софија. Од МНР сè уште не коментираат .

Пред ден тие објаснија зошто не го отвараат небото на руски авиони.

“Причината за овој неуспех е поврзана со некоректено наведена информации во барањата за прелети над територијата на Република Бугарија за целта на летовите и товарите”, се вели во соопштението на МНР. Министерството тврди дека одбивањето не е направено под надворешен притисок.
Добиени се податоци дека авионите може да се натоварени со оружје, соопшти за Би Ти Ви министерот Николај Ненчев. Тој рече дека ако руски авион прелета без дозвола, треба да биде пресретнат до 15 минути од бугарските ловци.

Според меѓународното право, ако при слични летови бидат откриени забранети товари, одговорност носи и земјата, преку чија територија се пренесени.