Русија предупредува: Можна е нова голема криза за гас во Европа

од Берта Китинска

Русија не ја исклучува можноста за нова гасна криза во Европа и ја повикува ЕУ да преговара, изјави во саботата вицепремиерот задолжен за енергетски прашања.

– Не ја исклучувам можноста таквата ситуација да се повтори. Подготвени сме за дијалог, истакна Александар Новак.

Тој истакна дека во европските складишта недостасуваат околу 25 милиони кубни метри гас и оти „треба да се преземе нешто за тоа“.

Испораките на гас на светските пазари се зголемија за дури 15 проценти во споредба со претходната година, а годинава Русија потроши повеќе гас од вообичаеното.

Според Новак тоа се должи на студената зима и на заздравувањето на економијата.

Неодамна, рускиот претседател Владимир Путин побара итно пуштање во употреба на гасоводот Северен поток 2, кој ќе донесе природен гас од Русија преку Балтичкото Море до Германија.

Северен поток, 2 преку кој ќе се транспортираат 55 милијарди кубни метри гас годишно, за да биде пуштен во употреба чека дозвола од германските власти.

Кон крајот на септември, дел од германските медиуми објавија дека Русија сакајќи да го принудат Брисел да го прифати Северен поток 2, вештачки предизвикаа невиден пораст на светските цени на гасот.

Слични содржини