Русија регистрира лек базиран на крвна плазма против ковид – „Ковид-глобулин“

од Stefanija Kuzmanovska
362 прегледи

Министерството за здравство на Русија одобри примена на имуноглобулински лек за третман на коронавирусот, направен врз основа на крвната плазма на луѓето кои прележале ковид, соопшти Rosteh, пренесе „Спутник“.

-Министерството за здравство на Русија одобри примена на специфичен имуноглобулински лек за третман на ковид. Препаратот „Ковид-глобулин“ е првиот регистриран лек од овој тип против ковид во светот. Направен е врз основа на крвната плазма на Mосковјаните кои прележале ковид. Беа собрани 2,5 тони биоматеријал – се наведува во соопштението на Rosteh.

Лекот е направен во холдингот „Нацимбио“, кој е дел од државната корпорација Rosteh. За време на истражувањето, холдингот „ја потврди безбедноста, отсуството на несакани ефекти и можноста за неутрализирање на вирусот“.

Препаратот му овозможува на организмот да се бори против болеста и му овозможува на имунолошкиот систем да ги прави антителата побрзо и независно.

Се претпоставува дека лекот ќе се користи за третман на умерени и тешки форми на болеста по 2-та и 3-та фаза од клиничките испитувања, кои ќе бидат организирани во московските болници.

Регистрацијата овозможува употреба на „Ковид-глобулин“ кај пациенти на возраст од 18 до 60 години.

Слични содржини