Русија: Се додека нашата армија е во централата Запорожје, нема да има нов Чернобил

од Vladimir Zorba

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во петокот изјави дека руското воено присуство во нуклеарната централа Запорожје гарантира дека „чернобилското сценарио“ нема да се повтори.

Портпаролот на руското министерство Иван Нечаев во четвртокот рече дека предлогот на Обединетите нации за демилитаризација на областа околу електраната, најголемата во Европа, е „неприфатлив“.

Русија ја освои областа околу Запорожје во март.

Нуклеарната централа е во близина на линијата на фронтот и беше цел на гранатирање во последните недели, што ги зголеми стравувањата за нуклеарна катастрофа како онаа во Чернобил во 1986 година, додека Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за нападите.

Украинската државна енергетска компанија Енергоатом во петокот објави дека руските сили планираат да ги затворат функционалните енергетски единици во централата и да ги исклучат од електричната мрежа на Украина.

Во четвртокот Москва ја обвини Украина дека планира „провокација“ во електраната.

Слични содржини