Русија се повлекува од Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин издаде наредба Русија да се повлече од Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа (CFE), потпишан во ноември 1990 година во Париз.

Назначи претставник

Претседателот на Руската Федерација го назначи заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков за свој претставник за време на разгледувањето на излезот од Договорот во Државната Дума и Советот на Федерацијата.

Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа (CFE) поставува ограничувања на бројот на конвенционално оружје и воена опрема за земјите-учеснички. Договорот CFE го потпишаа земјите на НАТО и земјите-членки на Организацијата на Варшавскиот пакт, вклучително и СССР. Тој стапи на сила во ноември 1992 година, по распадот на Советскиот Сојуз, пишува „Аваз“.

Го суспендираше договорот

Русија го суспендираше Договорот CFE во јули 2007 година. Во март 2015 година, руските власти објавија дека ќе престанат да учествуваат на состаноците на Заедничката консултативна група за CFE. Така, објави тогаш руското министерство за надворешни работи, суспензијата на Договорот CFE што Русија го објави во 2007 година стана целосна. Но, во исто време, како што се нагласува, Русија остана потписник и учесник на договорот.

Слични содржини