Русија синоќа со дронови камикази го нападнала Киев и други градови во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
217 прегледи

Во текот на ноќта Русија изврши напад со дронови камикази врз Киев и други градови во Украина, соопшти денеска украинската армија.

Синоќа Русија лансираше вкупно 15 ирански дронови Шахед кон Украина, а украинските одбранбени сили соборија 11 од нив, објави Военото воздухопловство на Украина на Телеграм.

Претходната ноќ Русија лансираше 28 беспилотни летала во Киев и пристаништето Одеса, додека украинската противвоздушна одбрана собори 26 беспилотни летала Шахед, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини