Русија со остар демарш! Се запира меморандумот со САД за ненапаѓање и инциденти во небото на Сирија

од Vladimir Zorba
64 прегледи

По Американскиот  ракетен напад во западната провинција Хомс Русија го прекинува дејството на меморандумот за спречување на инциденти и гарантирање на безбедноста на летовите на авијацијата при извршување на операции во Сирија, склучен порано со САД.

Тоа објавена од Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, пренесува агенција “Фокус”, повикувајќи се на TACC. “Руската страна го запира  дејството на меморандумот за спречување на инциденти и гарантирање на безбедноста на летовите на авијацијата при извршување на операции во Сирија, склучен со САД”, се наведува во соопштението од  МНР на  Москва.

Истовремено Москва повика на свикување на вонредна седница на Советот за безбедност на ОН, за да биде разгледана ситуацијата по американските напади во Сирија.

“Ги повикуваме Советот за безбедност на ОН да одржи вонредна седница за разгледување на ситуацијата”, истакнаа од Министерството за надворешни работи.