193
Руското министерство за одбрана соопшти дека е спречен украински напад со дронови врз московскиот регион и дека сите три дрона биле соборени.
„Денеска е спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад врз цели во московската област со три беспилотни летала“, се вели во соопштението, а пренесува агенцијата РИА Новости.
Според руското министерство, во неуспешниот напад нема жртви или материјална штета.
Во соопштението се додава дека дроновите биле оневозможени со електронски средства, по што изгубиле контрола и паднале.