Русија, Србија и Белорусија ќе одржат воени вежби „Славјанско братство“

од desk3
79 прегледи

5D30C50E-D4CB-4A25-8B1C-96405EF81238_mw1024_s_n
Во Русија ќе бидат организирани воени вежби на Русија, Србија и Белорусија „Славјанско братство“, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на средба со неговиот српски колега Братислав Гашиќ, јави ТАСС.

– Оддаваме големо значење за планираните за оваа година масовни воени маневри „Славјанско братство“, рече Шојгу за време на разговорите со Гашиќ во градот Кубинка, Московска област.

– Вежбите ќе бидат исклучително важни за развојот на оперативните способности на вооружените сили на Србија, рече од своја страна Гашиќ./МИА