ТАСС прецизира дека маневрата  била спроведена од руските ракетни сили со стратешка намена.

“Главната цел на истрелувањето е да се потврди  и провери моќноста на ракетите од оваа класа. Боевите  глави успешно ја достигнале својата цел – тест полигон” куру “во Камчатка. Сите цели на тестот беа постигнати “, се истакнува во соопштението на руското воено министерство.

Се прецизира дека растојанието помеѓу космодромот Плесецк и полигонот во Камчатка е околу 6.000 километри .Ракетите РС-24 “Ярс”, кои се опремени со три до шест боеви глави, можат да удрат различни цели на растојание до 12 илјади километри . За прв пат оваа ракета беше тестирана пред 10 години, а е дел од  оружјето  во стратешките сили на Русија во последните 7 години.

Ракетата е модернизирана верзија на ракетата “Топол-М ” и може да биде истрелана како од полигон, така и од мобилни лансери.