Во текот на ноќта руските сили повторно ја нападнаа Украина со дронови, лансирани се повеќе од триесетина дронови „Шахед“, од кои противвоздушната одбрана собори 28.
Според податоците на украинските воздухопловни сили, руските сили извршиле напад со јуришни дронови од типот „Шахед“ од северниот и јужниот правец – Белгородска област и ‘ртот Чауда на Крим, пренесе „Униан“.
„Беа лансирани вкупно 33 ‘Шахеди’. Непријателските дронови летаа во различни насоки, така што противвоздушната одбрана беше активна во најмалку шест региони на Украина“, се вели во соопштението.