Русија: Вонредна состојба во Воронеж по украински напад со дронови

од Stefanija Kuzmanovska

Во рускиот град Воронеж беше воведена вонредна состојба по украински напад со дронови, изјави градоначалникот Вадим Кстенин. Вонредната состојба е воведена со цел брзо да се процени штетата на станбен и движен имот и да се изврши поправка, вклучително и замена на искршените прозорци, пренесува „Интерфакс“.

Претходно, гувернерот на регионот Воронеж, Александар Гушев, објави дека системот за противвоздушна одбрана соборил украински дронови над Воронеж, додека министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека делови од дрон паднале во стан, каде што било повредено девојче родено во 2013 година.

Руското министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле соборени пет дронови над регионот Воронеж.

Воронеж, град со повеќе од милион жители, се наоѓа на околу 250 километри од границата со Украина.

Слични содржини