249
Централната изборна комисија на Русија денеска закажа избори во четири региони на Украина кои прогласија независност и на референдум одлучија да ѝ се приклучат на Русија за 10 септември, кога ќе се гласа и во некои региони на Русија.
Како што е наведено, изборите ќе се одржат во самопрогласените Доњецка и Луганска Народна Република, Запорожје и Херсонска област и во 20 конститутивни ентитети на Руската Федерација.
Дополнителни избори за пратеници на Државната дума ќе се одржат за четири слободни места во едномандатните изборни единици.
Да потсетиме, претседателските избори во Русија се закажани за пролетта 2024 година.