Во вторникот наутро Русија со проектили ги нападна украинските градови Киев и Харков, соопштија властите на тие два града, откако Москва најави одмазда за минатонеделниот украински напад врз Белгород.
Ракетниот напад врз Киев уследи по напад со дрон неколку часа претходно.
Агенцијата „Франс прес“ пишува дека во главниот град се слушнале десетина силни експлозии. Од нив се треселе зградите во центарот.
Воената администрација соопшти дека делови од соборените ракети паднале на различни делови од градот, особено на населени места.
„Експлозии во главниот град“, напиша градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм, предупредувајќи ги луѓето да останат безбедни.
Воздухопловните сили на Украина претходно во вторникот соопштија дека ги уништиле сите 35 дронови лансирани од Русија по полноќ, насочени кон неколку градови во Украина, вклучувајќи го и Киев.
Нападите уследија откако рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот изјави дека украинскиот напад врз Белгород „нема да помине неказнето“.
Русија тврди дека во саботата во украинскиот ракетен напад врз Белгород загинале 24 лица.
Целосниот обем на рускиот ракетен напад утрово е уште не е познат.
Градот Харков исто така беше под „масовен ракетен напад“, изјави градоначалникот Ихор Терехов.