Русија ѝ се закани на Европа: „Ова е кражба, одговорот ќе биде исклучително остар“

од Stefanija Kuzmanovska
443 прегледи

Москва денеска го предупреди Западот дека рускиот одговор ќе биде многу остар доколку Соединетите Американски Држави и Европската Унија запленат руски имот во вредност од стотици милијарди долари.

По руската инвазија на Украина во 2022 година, САД и нивните сојузници ги забранија трансакциите со руската централна банка и министерството за финансии, блокирајќи околу 300 милијарди долари руски средства на Западот.

ЕУ усвои закон за искористување на неочекуваните профити од замрзнатите средства на руската централна банка, беше објавено вчера, што е прв конкретен чекор кон целта на Унијата да ги искористи парите за финансирање на обновата на Украина.

„Ова е кражба. Тоа е присвојување на нешто што не ви припаѓа“, изјави за Радио Спутник портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува ТАСС.

Захарова рече дека одговорот на Москва ќе биде „исклучително остар“ бидејќи Русија верува дека има работа со крадци.

„Со оглед на тоа што нашата земја го оквалификуваше како кражба, односот ќе биде како оној со крадците“, истакна Захарова. „Не политички манипулатори, не технолози кои претераа, туку крадци“, додаде таа.

Москва соопшти дека ако ѝ биде запленет имотот, ќе го заплени имотот на западните земји.

Слични содржини