Русите 14 пати нападнале украински позиции: „Православните убијци ви го честитаат Божиќ“

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Гувернерот на областа Луганск, Серхиј Хаидаи изјави дека во првите три часа од најавениот прекин на огнот, Русите 14 пати ги нападнале украинските позиции. Тој додаде: „Православните убијци ви го честитаат Божиќ“.

Ројтерс јавува дека слушнале експлозии кои Украинците ги опишуваат како руски ракетен истрел. Украинците возвратија со истрели од тенкови.

Од украинската армија, пак, велат дека се уште е посмирено од вообичаено, но тврдат дека тоа е поради снегот, поради што беспилотните летала тешко гаѓаат цел.

Еден војник рече: „Денес е исто како вчера, завчера, минатата недела и минатиот месец. Нема смисла да се разговара со нив и да се верува во нивните ветувања, наредби и декрети“.

Слични содржини