Масовната вакцинација против новиот коронавирус може да започне во Русија на крајот на октомври, изјави денес Фјодор Лисицин од Националниот истражувачки институт за епидемиологија и микробиологија на руското Министерство за здравство „Гамалеја“.
Лисицин објасни дека третата фаза на тестирање на вакцината „Спутник V“ треба да заврши до крајот на октомври.
– Масовната вакцинација ќе започне веднаш штом ќе заврши третата фаза. Се надевам дека ќе биде успешен – изјави Лисичин во интервју за телевизијата Русија-24, пренесува ТАСС.
Тој додаде дека организацијата за производство на вакцини се разгледува заедно со странски партнери.
– Фармацевтските компании во Индија се способни да произведат доволно вакцини за половина од планетата, доколку работат со полн капацитет – рече Лисицин.
На 11 август Русија ја регистрираше првата вакцина во светот против коронавирусот.