Русите ги утврдуваат позициите околу најголемата нуклеарна централа во Европа: Очекуваат украински напад?

од Stefanija Kuzmanovska
272 прегледи

Руските сили утврдуваат одбранбени позиции во и околу нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина во последните неколку недели, изјавија четворица сведоци за „Ројтерс“.

Околу окупираниот град Енерходар, каде се наоѓа најголемата нуклеарна централа во Европа, руските војници ископале нови ровови и поставиле мински полиња. Надзорните камери во самата нуклеарна централа се насочени кон север, кон територијата контролирана од украинските сили.

Руските сили, пренесува „Ројтерс“, пред неколку месеци поставиле оружје на некои од покривите на нуклеарната централа. Тие поставиле мрежи околу нив за да спречат напади со беспилотни летала.

Шефот на „Енергоатом“: Не очекувам директен напад врз централата

Двајца Украинци кои работат во централата и уште двајца жители на Енерходар решија да зборуваат за руските воени мерки во и околу нуклеарната централа, но побараа анонимност бидејќи се плашат за сопствената безбедност во градот под руска окупација.

Петро Котин, директор на украинската државна нуклеарна агенција „Енергоатом“, изјави за „Ројтерс“ дека не верува дека украинската војска директно ќе ја нападне централата, но може да се обиде да ги принуди Русите да бегаат со прекинување на линиите за снабдување.

Да потсетиме, руските сили ја зазедоа нуклеарната централа Запорожје во првите денови од инвазијата на Украина.

Слични содржини