Русите гласаат на локални избори

од desk4
96 прегледи

Руските граѓани денеска гласаат на регионални и локални избори во услови на протести и несогласувања поради контроверзниот владин план за зголемување на возрасната граница за пензионирање. Гласачките места се отворени , а граѓаните бираат први луѓе во 21 од 85 руски административни области меѓу кои и Москва.

Во 16 области се бираат и законодавни тела, додека во другите се одржуваат градоначалнички избори. Вкупно ќе се одржат 4.700 гласања во 80 региони во земјата. Централната изборна комисија не очекува висока излезност на изборите.

Гласањето е прв главен тест за владеењето на претседателот Владимир Путин и премиерот Дмитри Медведен откако предложија зголемување на возрасната граница за пензионирање за мажите од 60 на 65 години, а за жените од 55 на 63 години. Подоцна Путин го модифицираше предлогот со кој жените би се пензионирале на 60 години.

Опозицискиот лидер Алексеј Навални повика на национални протести денеска. Во пресрет на протестите руските власти приведоа неколку блиски соработници на Навални, кој во моментов се наоѓа во 30 дневен притвор поради, како што тврдат руските власти, прекршување на законот за јавни собири.