РУСИТЕ ГРАНАТИРАЛЕ СТАНБЕН кварт во ХЕРСОН, има ПОЧИНАТИ! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Најмалку четири лица загинаа, а десет се ранети синоќа во руски ракетен истрел во Херсон, од кој руските сили се повлекоа пред две недели, изјавил гувернерот на овој регион во Украина, кој во голема мера е без струја и вода, ден по бројните руски напади на енергетската инфраструктура.

Според поранешниот заменик-министер за внатрешни работи на Украина, Герашченко, Херсон само вчера бил гранатиран 17 пати, а меѓу погодените објекти биле градинка и топлана.

„Руските окупатори отворија оган врз станбениот кварт од повеќецевни ракетни фрлачи. Голема зграда се запали“, напиша на Телеграм Јарослав Јанучевич, шеф на воената администрација во Херсон.

Слични содржини