“Русите не познаваат поефикасен систем за работа од оној на Џингис Хан”

од desk3
253 прегледи

Додека светот се развива, Русија тапка во место. Порано или подоцна тоа ќе доведе до осиромашување на целото население и до општествен експлозија, вели во интервју за Дојче Веле познатиотруски писател Борис Акунин.

0,,19229668_303,00

Две исклучително популарни руски личности во дијалог за сегашноста и иднината на својата земја – новинарката Жана Немцова, ќерка на убиениот политичар Борис Немцов, разговара со писателот Борис Акунин, кој е многу популарен во светот. Григориј Чхартишвили, познат под псевдонимот Борис Акунин, ја напушти Русија во 2014 година и оттогаш не се враќа во земјата. Во моментов тој работи над својата многотомна “Историја на руската држава”.

Немцова: Велите дека сте го напуштиле Русија, бидејќи земјата е окупирана од непријателот. Кој е непријателот?

Акунин: За мене непријател е оној кој прави нешто непријателско кон мојата земја. Длабоко сум убеден дека денешната политичка моќ ја води мојата земја кон крах и пропаст – и затоа ја сметам за непријател.

Немцова: Пред неколку години во дијалог со писателот Михаил Шишкин Вие сеуште тврдевте дека не гледате ништо трагично во случувањата во Русија. Но сега сте на друго мислење, така ли?

Србија: А другите 27-членки да и кажат на Хрватска дека греши

Акунин: Да, излегува дека сум се збркал. Во периодот 2011-2013 година учествував многу активно во јавниот живот. Тогаш ми се чинеше дека руското граѓанско општество има сили, а власта има доволно мозок за да се избегне сегашната фатална конфронтација. Но во почетокот на 2014 година се се смени под дејство на украинските настани. Путин одлучи за нешто што веќе не може да се врати назад. Овој курс ја продлабочува изолацијата на Русија и ја спротивставува на останатиот свет. Како што изгледа, се очекува нова железна завеса. Внатре во земјата овој курс значи доживотно управување, при што Шефот никогаш не поднесува оставка. Тоа веќе е една сосема поинаква држава.

Немцова: Во 1980-тите години луѓето сфатија дека многу од работите кои се зборуваат на телевизија, не одговараат на реалноста. А сега одеднаш како сите веруваат на телевизорот. Зошто дојде до таква промена во јавната свест?

0,,19229549_401,00

Акунин: Вие, Жана, го паметите периодот на перестројката, кога во мозоците настапи раздвижување кога завеа свеж ветер. А јас ги паметам 1970-тите години, кога немаше ништо слично, со исклучок на дисидентите. Тие беа горе-долу како оние луѓе кои денес поставуваат шатор некаде низ Москва, а минувачите не им обрнуваат никакво внимание. Но без такви луѓе земјата едноставно не може. Додека ги има нив – се уште постои и надеж за некаква промена. Та нели некој е должен да одржи степени на машкост, достоинството и отпор.

Се разбира, денес луѓето имаат повеќе извори на информации. Ако сте заинтересирани за нешто и барате различна гледна точка, ти ја имаш оваа можност. Точно е сепак и друго: денес повеќето луѓе немаат потреба од тоа. Но, проблемот не е дури тука, туку во сегашниот политички режим во Русија. Ако ги оставиме настрана моралниот и идеолошкиот аспект, проблемот е во тоа што овој режим е катастрофално неефикасен. Во рамките на сегашниот светски модел тој е неконкурентен, тој губи во како економскиот и технолошкиот натпревар. Светот се развива, а Русија тапка во место – во тоа е неволјата. И за жал сето тоа ќе заврши со осиромашување на целото население и со социјална експлозија. Бидејќи веќе го надминавме крстопатот каде можевме да направиме пресврт.

Немцова: Тврдите дека Русија оди по погрешен пат. Но зарем не е историска законитост дека Русија секогаш заостанува?

Акунин:Повеќе време мислам над тоа: каква е суштината на руската држава? Зошто векови во оваа држава се повторува иста катаклизма? И секој обид за либерализација завршува со уште силно стегање на навртките. Првично јас исто мислев дека за сегашниот развој на настаните не е виновен лично Владимир Путин. Нешто повеќе: претпоставката дека кога стекнатите повремени околности се покажа на власт, овој човек воопшто немаше намера да станува доживотен диктатор, да ја укинува слободата и сенатаму. Веројатно во самиот почеток тој само се обидуваше да ги заузда олигарсите, да се справи некако со сепаратистите – тоа му биле скромните цели.

Потоа сепак се активираат некакви објективни закони – и се случи она што се случило во неколку наврати и предходно во руската историја. Очигледно има некоја причина во конструкцијата. Во моментов работам над руската историја од крајот на 17 век и ми се чини дека почнувам да го разбирам овој механизам.

Ако утре во земјата се одржи, дај Боже мирна, револуција, ако се урне Путин, а на власт дојде некој нов демократ, кој ќе остави сè, како што си е, истиот тој демократ по некое време исто така ќе стане диктатор. Само затоа што државната структура не нуди други вектори за движење – таа е парализирана по вертикала.
Немцова: Односно, ако правилно ве разбирам: проблемот не е во личноста, туку во системот. Дали сепак е реално да очекуваме промена на системот?

Акунин: Неверојатно е, но во нашата историја ниеден реформатор не се осмелил да посегне на темелот на државата положен уште во 15 век од обединувањето на Русија од Иван Трети. Тогаш тој репродуцира државнички принцип на ордата, едноставно затоа во овој момент Русите не познаваат поефикасен систем за работа од онаа на Џингис Хан.

Во првите векови од постоењето на Русија оваа конструкција работи нелошо. Сама по себе таа е многу отпорна на удари. Но во 21 век условите веќе се сосема други. Таканаречената “мека сила” се покажува како многу поважна од архаичната брутална сила – и веќе не треба да се живее по старо. Кај нас сепак земјата продолжува да се управува не според законот, туку по заповедите на Великиот хан. И никој закон не може да биде посилен од ханската заповед. Бидејќи станува збор за сакралността на раководителот.

Во исто време тоа е и систем во кој токму државата ја покажува највисока вредност. Во овој систем државата не им служи на луѓето, туку луѓето ја опслужуваат државата. Во неа не постои гледиште за личните права – постои само гледиште за лични привилегии, кои се предходно решени од твоето место во самата структура и од степенот на верност кон законот.

И конечно: Во овој систем значење има тајната полиција, без разлика како ќе ја нарекуваме. Таа е дуплирање на структура на власта, бидејќи во еден систем каде што нема поделба на власта, таа е единствениот инструмент со кој Шефот може да контролира што се случува во целата оваа вертикала.
Немцова: Независно од сето тоа личноста на Владимир Путин има значење во сегашниот систем. Вие постојано и јавно сте велеле дека не го сметате за крадец и криминалец. Се држите ли уште на тоа свое мислење?

Акунин: Работата е во тоа што Владимир Владимирович еволуираше. Кога тврдев дека не е крадец и криминалец, јас само мислев дека тој нема потреба од пари. Зошто да не си земаш милијарди, откако целата земја онака е твоја? Но корупцијата не е само кражба. Корупцијата – е да го користиш државниот систем на различни начини. Кога даваш привилегии на своите пријатели – тоа е исто така корупција. Кога не дозволувате да сносат одговорност за своите злосторства луѓе кои сочувствуваат со криминал – тоа е исто така корупција. Кога одржувате некој паралелен, скриен буџет со кој располагате дискреционо – тоа е исто така корупција.

Немцова: Излегува дека по 15 век, кога беа положени основите на руската државност, државата воопшто не била модернизирана, така ли?

Акунин: Напротив, модернизирана е повеќекратно, но основата нејзина останува иста. Токму оваа основа ја поставува конфигурацијата на остатокот од зградата. Како и да ги менуваш подовите, фасадата или внатрешниот мебел, таа пак останува некогашната конструкција на ордата. И така една големата земја е управувана од ханската орда.