Препораката на експертите според која луѓето вакцинирани против Ковид-19 со руската вакцина Спутник V не треба да консумираат алкохол, наидe на неодобрување од руските граѓани кои ја прогласија препораката за неразумна.
Ана Попова, експерт за здравство на потрошувачи, за радио „Комсомолска правда“ изјави дека луѓето не треба да пијат алкохол најмалку две недели, пред првата од двете дози на вакцината и дека треба да се воздржат од конзумирање алкохол во наредните 42 дена.
Спутник V се дава двапати, во две дози во интервал од 21 ден. Русите важат за еден од најголемите консументи на алкохол во светот, иако потрошувачката на алкохол нагло опадна од 2003 година.
Попова предупреди дека алкохолот може да ја намали способноста на организмот да создаде имунитет на Ковид-19 по вакцинацијата.
Пронаоѓачот на вакцината Сутник V, Александар Гинтсбург, смета дека една чаша вино не би му наштетила на развојот на имунитетот.
Но, тој исто така посочува дека треба целосно да се воздржи од конзумирање алкохол три дена пред и по секоја примена доза на вакцина, како и дека оваа препорака се однесува на секоја вакцина, а не само на руската.