241
РУСКИТЕ истражувачи објавија дека ја измениле вакцината против коронавирус Спутник V, која се користи повеќе од една година, за употреба против позаразната делта-варијанта.
„Вакцината што ја изменивме веќе е во фрижидер“, рече директорот на институтот „Гамалеј“, Александар Гинзбург, во четвртокот за „Интерфакс“. Тој додаде дека се уште е рано да се зборува за степенот на ефективност на вакцината.
Други производители на вакцини низ целиот свет веќе работат на модификација на нивните вакцини за да бидат што е можно поефикасни против делта варијантата.
Во исто време, Гинзбург се залага за употреба на вакцина наречена „Спутник лајт“ како „бустер“ вакцина за оние кои двапати примале „Бајонтек/Фајзер“.