РУСКАТА вакцина Спутник V обезбедува силна заштита од сериозни симптоми и хоспитализација од варијантата омикрон, објави денеска Рускиот инвестициски фонд (РДИФ), повикувајќи се на прелиминарна студија на производителите на вакцини.
Употребата на руската Спутник Лајт вакцина како засилувачка доза помага да се развие посилен одговор на антителата на варијантата омикрон, според студијата на Институтот Гамалеја.
„ Ефикасноста во комбинација со засилувач може да биде поголема од 80%.Прелиминарните податоци на Gamalea сугерираат дека ефективноста на Sputnik V во комбинација со засилувачот на Sputnik Light против омикрон може да биде повеќе од 80 проценти“, стои во студијата.
RDIF објави дека прелиминарната лабораториска студија на Гамалеја покажала дека Спутник V покажува „висока активност во неутрализација на вирусот“ против омикрон.
Руското Министерство за здравство го препорачува Спутник Лајт како засилувачка доза шест месеци по вакцинацијата со Спутник В.
Руската вакцина не е одобрена ниту од СЗО ниту од ЕМА, велат дека документацијата е некомплетна.