373
Федералната служба за безбедност го реши убиството на новинарката Дарја Дугина, соопшти Центарот за односи со јавноста на агенцијата.
„Утврдено е дека злосторството го подготвиле и извршиле украинските специјални служби. Сторителот е државјанка на Украина, Вовк Наталија Павловна, родена 1979 година“, се наведува во соопштението, а пренесува „Риа Новости“.
Како што пренесуваат руските медиуми, таа е припадничка на Азовскиот полк.
Наталија влегла во Русија, присуствувала на предавањето на Дугина на собирот „Традиција“ во Москва, а потоа побегнала во Естонија.