Русија за новогодишното ракетирање: Спречивме терористички напади врз нас

од Vladimir Zorba
289 прегледи

РУСКАТА Армија денеска соопшти дека во нападите врз украинските градови, вклучително и Киев, таргетирала фабрики за производство на беспилотни летала со цел да се спречат планирани терористички напади.

„На 31 декември 2022 година, руските вооружени сили извршија прецизен воздушен напад со долг дострел на индустриски капацитети на украинската одбрана вклучени во производството на нападни беспилотни летала што се користат за извршување терористички напади врз Русија“, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Плановите на режимот во Киев да изврши терористички напади врз Русија во блиска иднина се спречени“, изразија задоволство од Министерството. Москва често ги нарекува тероризам операциите на украинската армија на руска територија или нападите врз нејзините објекти во Украина.

Во исто време, руската армија извести дека ја продолжува офанзивата во областа Доњецк, на истокот на Украина, каде во моментов се водат најголемите борби. Најмалку три лица загинаа, а 50 се ранети во руските напади врз Киев и други украински градови во саботата, покажуваат најновите податоци на украинските власти.