Руска научна станица за откривање на вселенски отпад и опасни објекти

од Vladimir Zorba

Руски оптико-електронски комплекс за откривање на вселенски отпад беше отворен на територијата на вселенската опсерваторија Пико дос Дијаз, во близина на градот Итажуба во Бразил. Според соопштението на Роскосмос, ова е првата руска индустриска станица за мониторинг од Земјата на космичкиот простор што се наоѓа во странство. Таа е наменета за автоматско откривање на вселенски објекти, одредување на координатите, идентификација и споредување со објекти регистрирани во базите на податоци.

Комплексот може да наоѓа објекти на височина од 120 километри до 40 000 км. Станицата е еден од елементите на руски автоматски систем за предупредување за опасни ситуации во вселенскиот простор на Земјата.

Комплексот беше отворен со свечена церемонија, во која учествуваа претставници на Роскосмос, вклучувајќи го и неговиот директор Игор Комаров, како и раководители на Бразилската вселенска агенција, Министерството за наука и технологија на Бразил и бразилската национална астрофизичка лабораторија.

Слични содржини