Руска студија: Вакцинацијата е исклучително ефикасна кај оние кои имале ковид 19

од Берта Китинска
258 прегледи

Студија спроведена од руски воени лекари покажа дека вакцинацијата на луѓе кои имале ковид 19 е исклучително ефикасна, изјави денеска шефот на Руската воена медицинска академија, Евгениј Крјуков.

– Луѓето кои имале ковид пред повеќе од шест месеци можат повторно да се заразат. Сепак, Министерството за одбрана спроведе многу интересна студија за пациенти кои биле подложени на вирусот корона. Докажавме дека ефикасноста на вакцините е исклучително висока, како и имуногеноста – рече Крјуков за ТАС С.

Руски експерти потенцираа дека луѓето кои имале ковид 19 немале полоши реакции на вакцината отколку луѓето кои немале вирус.Крјуков истакна дека министерството го користело само Спутник.

Слични содржини