Руска војска: Вистината за „мистериозната“ ракета 9M729

од desk2

 

Министерството за одбрана на Русија одржува брифинг за аташеа на странски држави и новинари за ракетата 9M729, пренесе Суптник.

САД сметаат дека оваа ракета не е во согласност со оваа Спогодба, што Москва повеќепати негираше.

Сегашната ситуација околу Спогодбата за ликвидација на ракети со среден и мал домет настана исклучиво поради одбивањето на Вашингтон да го прифати дијалогот, рече заменик шефот на дипломатија на Русија Сергеј Рјабков.

„Како што е познато, коренот на насобрани проблеми е постоењето на меѓусебни забелешки меѓу Русија и САД по прашања на спогодбата. Во текот на повеќегодишните дискусии не успеавме да ги приближиме позициите. По наше убедување, тоа настана само и исклучиво поради политиката на Вашингтон и начинот на кој таа се води“, изјави Рјабков.

Тој додаде дека САД не секогаш објасниле на основа на какви информации дошле до заклучок дека ракетата е тестирана на сомет кој не е во согласност со Спогодбата за ликвидација на ракети од среден и мал домет.

Слични содржини