Руската амбасада: С. Македонија се уште нема побарано од вакцината „Спутник V“

од Nikola Popovski
283 прегледи

Руската амбасада во Скопје обелодени дека македонската влада до денеска нема покажано интерес за вакцината „Спутник V“.

„На 18 август, пред пет месеци, го информиравме министерот за здравство Венко Филипче, дека доколку е заинтересирана Владата на Северна Македонија, Рускиот фонд за директни инвестиции, кој ги има ексклузивните права за производство и продажба на «Спутник V» во странски земји, може да започне разговори за сите прашања од интерес во однос на вакцината и нејзината набавка. Досега немаме добиено одговор за овој предлог“, велат од амбасадата на Руската федерација за Канал 77.

Од таму појаснуваат дека на 25 септември до шефот на Националниот комитет за имунизација, професор Александра Грозданова, било испратено писмо од Рускиот фонд за директни инвестиции. Во писмото била изразена подготвеност да се одржи состанок во формат на видео конференција за да се разгледат сите прашања околу вакцината.

Слични содржини