Руската амбасада со честитка: Повеќе од 24 илјади македонски партизани ги дадоа животите за победа

од Nikola Popovski
411 прегледи

На македонските пријатели им го честитаме Големиот историски јубилеј – „80 години од Денот на народното востание – 11 октомври“, објавија денеска од руската амбасада во Скопје.

Според нив, на овој ден во 1941 година, храбрите борци му дадоа отпор на фашизмот, што стана значаен придонес за светската борба со „кафеавата чума”.

-Свето го почитуваме споменот на сите жртви – повеќе од 24 илјади животи на македонските партизани беа дадени за победата: секој четврти од над сто илјади народноослободително движење, во чиишто редови се бореа и стотици наши сонародници! Вечна им памет на паднатите, вечна им слава на живите херои, се вели во соопштението од амбасадата.

Тие им оддадоа почит на храбрите македонски борци-антифашисти со положување цвеќе кон спомениците на Методија Андонов-Ченто, на Кузман Јосифоски-Питу, на “Жена борец” и на Могилата на непобедените во Прилеп, како и кон Меморијалниот комплекс “Партизански гробишта” во Бутел

Слични содржини