Рускатa амбасада: Ви го честитаме Илинден, кој е со историско значење за вашиот народ

од Nikola Popovski
327 прегледи

Делегацијата на Амбасадата на Русиаја зеде учество во одбележувањето на големиот празник Илинден, во Скопје пред спомениците на Методија Андонов-Ченто, на АСНОМ и на Никола Карев.

-Почитувани, срдечно Ви го честитаме празникот со големо историско значење за македонскиот народ – Илинден! Денеска заедно со вас со положување цвеќе на Мечкин Камен, во Пелинце и во Скопје ќе им оддадеме почит на славните македонски борци за слобода и независност! Честит Илинден! За многу години!, стои во соопштението на руската амбасада.

 

 

Слични содржини