Претставници на Руската православна црква ја сметаат за дозволена “умерената употреба на телесни казни” во семејството. Сензација ли е тоа? DW ги анализира парадоксите на рускиот конзерватизам.
Никој, кој ги следи случувањата во Русија во последниве години, нема да биде изненаден од ставот на Руската православна црква. Руските архиереи се на мислење дека тепање на членови на семејството не треба да се третира како кривично дело, кое подлежи на суд. Јавно во моментов гледаме уште пародиска епизода од државниот серијал за “духовните врски” како прослава на конзерватизмот.
Ризичен експеримент
Формулацијата дека ” родителите од љубов можат да прибегнуваат до умерена употреба на физички казни во воспитувањето на децата”, звучи и смешно, и страшно. Сите мислеа дека во 21 век луѓето ќе бидат заинтересирани претежно од човечки летови до Марс, а тие спорат дали е дозволено да се тепаат своите деца, и како што изгледа, се подготвени да прифатат дека неколку шлаканици не се нешто страшно.
Пред десет години Владимир Сорокин ја напиша својата сатирична книга “Денот на стражата”, во која пресоздава сликата на една идна Русија, која повеќе наликува на исламскиот Иран. Ова дело се повеќе почнува да изгледа како прераскажување на тајните инструкции на Путиновата власт поврзани со борбата против “моралното распаѓање”, применети на пример во судењето на Pussy Riot или забраната на секаква “геј пропаганда”. Руската влада изгледа постигнува успех во напорите да го архаизира општеството и да му наметне како божем “неспорните сет од вредности” се од некакви измислени традиции и принципи, залгајќи се на најмрачната страна од човековата природа – на хомофобијата, демонстративната побожност и лицемерие и дури на телесните казни.
Но тука има интересен парадокс: Засегнати се не оние за кои ултра-конзерватизмот е природна состојба на духот, туку оние кои се издигнале до лојално однесување кон законот како за свој врховен животни принцип. Всушност црковната огорченост не е ниту на самата црква, ниту на богослов, туку само на црковните апаратџици од патријаршиската комисија за прашањата на семејството. Нивната позиција е целосно објаснета во стилот на “целосно ги поддржуваме и ги одобривме последните одлуки на партијата и владата”.
Не вредност, туку конјуктура
Темата за тоа дали е дозволено да се тепаат децата за воспитувачка цел е прашање не толку на пребарување на традиционални вредности во општеството, туку на политичка конјуктура. 3а приврзаниците на физичките казни во семејството тоа е лоша вест: кога на државната власт ќе и здосади да си игра на псевдоконзерватизам, Руската православна црква прва ќе најде најсоодветни зборови за новата политичка реалност и како што се случувало и порано, ќе проговори за милосрдие и хуманизам, и никој веќе нема да одобрува “умерена примена на телесни казни”.
Кога основните човечки вредности се користат за целите на политиката, тоа ги испразнува од содржината: едно принципиелно прашање се претвора во конјуктура со политички слоган. Годините на државниот конзерватизам во кои власта почна да експериментира со традиционалните вредности, користејќи ги за привремени политички цели, порано или подоцна ќе поминат. Целата наметната денес архаизација на општеството ќе остане само привремена политичка игра и откажувањето од неа во иднина е гарантирано, бидејќи прославата на конзервативните вредности е само илузија.
