Руската дума го усвои Законот за дератификација на договорот за забрана на нуклеарни тестови

од Stefanija Kuzmanovska

Руската Државна Дума го усвои законот за дератификација на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови (CTBT), по третото и последно читање.

Со оваа одлука, првиот член од законот со кој се потврдува потписот со кој Русија се приклучи на CTBT, заедно со 186 други земји, беше поништен, наведува РИА.

Москва го ратификуваше CTBT во 2000 година, а како што додава руската новинска агенција, некои земји, вклучувајќи ги САД и Кина, сè уште не го сториле тоа.

Слични содржини