Руската Дума усвои нацрт-закон кој им дозволува на осуденици да се борат во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
311 прегледи

Долниот дом на рускиот парламент (Руска Дума) денеска го усвои нацрт-законот со кој на граѓаните со криминално досие им се дозволува да се борат во Украина.

Во нацрт-законот се наведува дека руската армија може да потпише договор со лица кои отслужиле казна, чии криминални досиеја се избришани, како и со граѓани кои извршиле кривични дела, со исклучок на оние кои извршиле тешки кривични дела, пренесува ТАСС.

Се додава дека министерството за одбрана на Руската Федерација ќе донесе одлука за склучување на вакви договори.

Слични содржини