317
Руската православна црква (РПЦ) ги признава ексклузивните канонски права на Српската православна црква (СПЦ) во Северна Македонија, изјави секретарот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук.
-Ставот на РПЦ, пред сè, ќе го земе предвид пристапот кон тој проблем на Српската црква, на која продолжуваме да ѝ ги признаваме ексклузивните канонски права во Северна Македонија, рекол тој.
Вселенската патријаршија претходно соопшти дека ја признава МПЦ-ОА како православна и дека ја прифаќа во заедницата на христијанските православни цркви, а на СПЦ и останува правото да ги регулира меѓусебните административни прашања во рамките на канонскиот поредок и црковната традиција.