Украинските служби покренаа истрага против Руската православна црква

од Vladimir Zorba

Врвните безбедносни претставници на Украина започнаа истрага за активностите на Руската православна црква, која е поврзана со Москва, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски и рече дека истрагата ќе испита дали московската црква има право да работи во една од најсветите места во Украина – комплексот Киев-Печерска Лавра.

Во Украина, црквата поврзана со Москва формално ги прекина врските со Руската православна црква минатиот мај, но многу Украинци сè уште не и веруваат и ја обвинуваат за тајна соработка со Русија.

Зеленски рече дека владата ќе поднесе предлог-закон до парламентот за забрана на верските организации „поврзани со Русија“.

Инаку, во Киев тврдат дека од почетокот на руската инвазија на Украина, загинале најмногу 13.000 украински војници. „Имаме официјални проценки од Генералштабот. Тие се движат од 10.000 до 13.000 мртви“, изјави советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак.

Во јуни, за време на борбите околу Луганск, претседателот Зеленски рече дека „од 60 до 100 украински војници гинат во акција секој ден“.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во септември изјави дека од почетокот на конфликтот загинале 5.937 руски војници.

Двете страни се осомничени дека ги намалуваат жртвите за да го одржат моралот меѓу војниците.

Началникот на Генералштабот на американската армија, генерал Марк Мили, во ноември процени дека повеќе од 100.000 руски војници се убиени или ранети од почетокот на инвазијата и дека загубите најверојатно ќе бидат слични на украинската страна.

Да потсетиме, претходно денеска претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден изјави дека не планира да контактира со Владимир Путин, но е подготвен да разговара со рускиот претседател за завршување на војната во Украина, но рускиот лидер досег не покажала волја за тоа.

„Постои еден начин да се стави крај на оваа војна, рационален начин, Путин да се повлече од Украина. Тој очигледно нема да го направи тоа. Тој плаќа многу висока цена што не го прави тоа, тој врши неверојатен масакр врз цивилното население на Украина“, рече Бајден.

Претседателот Владимир Путин е отворен за разговори за можното решение во Украина, но одбивањето на Соединетите Држави да ги признаат анектираните територии како руски ја попречува потрагата по потенцијален компромис, соопшти во петокот Кремљ.

„Соединетите Американски Држави сè уште не ги признаваат новите руски територии и, се разбира, тоа во голема мера ја отежнува потрагата по заедничка основа за разговори. За да ги постигнеме нашите цели, претседателот Владимир Путин беше, е и останува отворен за разговори со сите страни“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Слични содржини