Руски академик: Епидемијата на коронавирусот ќе заврши во јуни

од Nikola Popovski
152 прегледи

Коронавирусот во Русија би можел да заврши на почетокот или на средината на јуни, таков заклучок може да се извлече од досегашното искуство, рече Александар Чучаљин, академик на Руската академија на науките, пулмонолог и раководител на Одделот за болничка терапија на рускиот истражувачки медицински универзитет „Пирогов“.

„Врз основа на стекнатото искуство, може да се смета дека во јуни, средината на јуни, е периодот кога треба да го снема вирусот“, рече Чучалин за време на онлајн конференцијата со агенцијата „Русија севодња“.
Тој прецизираше дека инфекцијата сега се здобила со потенцијал и едно заразено лице инфицира 2-3 други во просек.

Досега во Русија се пријавени 24.490 случаи на инфекција со вирусот КОВИД-19, од кои 198 починале.Околу 130.000 луѓе се под медицински надзор.