Секоја американска ракета која ќе биде упатена кон Сирија би требало да биде соборена, а местата од кои ќе се лансира да се нападнат.

Ова го рече рускиот амбасадор во Либан, Александар Засипкин.
Тој рече дека неговиот став произлегува од соопштението кое го упатил рускиот претседател Владимир Путин, а го пренесе Генералштабот на војската.
„Ако има американски напади… Тогаш тие ракети треба да бидат соборени, а на мета треба да се најдат и местата од кои ќе бидат испалени“, рече Засипкин на телевизијата ал-Манар, која е блиска со либански Хезболах.
Додаде дека последните денови забележана е ескалација на судирите во Сирија која се заканува да прерасне во сериозна криза.