Руски дипломат: Не крадеме деца, туку ги спасуваме (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Во интервју за „Sky News“, заменик рускиот амбасадор во ОН, Дмитриј Полјански инсистираше на тврдењето дека Русија не „краде деца“, туку „ги спасува“.

Ваквиот настап дојде откако еден новинар побара од него да ја коментира приказната на „Sky News“ за петнаесет украински деца кои беа однесени во Русија против нивна волја.

Полјански за споменатата приказна рече дека тоа е „само уште една клевета, кампања против Русија, која овојпат за жал го искористува прашањето за децата во војна“, пренесува „Index.hr“.

Инаку, во февруари САД објавија извештај во кој се вели дека Русија држи најмалку 6.000 украински деца, а веројатно и многу повеќе низ цела Русија, но и на Крим.

-Некои деца биле донесени преку системот и посвоени од руски семејства или преместени во згрижувачки домови во Русија, се вели во извештајот.

Најмалото дете запишано во руската програма имало само четири месеци, а некои кампови обезбедувале воена обука за деца на возраст од 14 години, објавија истражувачите од Универзитетот Јеил.

Слични содржини